Достапни линкови

Животот на Рауф Денкташ и натаму во опасност


 Рауф Денкташ

Рауф Денкташ

Поранешниот лидер на кипарските Турци Рауф Денкташ, бил примен вчера на интензивното одделение на универзитетската болница во Никозија поради срцеви проблеми.
На денешната прес-конференција, актуелниот лидер на кипарските Турци, Дервиш Ероглу, истакна дека има мало подобрување во здравствената состојба на Денкташ. Тој појасни дека Денкташ може да зборува и може да ја движи левата рака и нога.
Лекарот Ерхен Капланоглу појасни дека поради запушување на крвен сад во мозокот како резултат на нарушување во срцевиот ритам, Денкташ добил делумна парализа.
Тој додаде дека лекарите вложиле големи напори за спасување на животот на Денкташ и неговата состојба му се подобрила, но се уште не опаднала опасноста по животот.
XS
SM
MD
LG