Достапни линкови

logo-print

Касперски - кои се 5 те најбезбедни држави на Интернет


Германија, Јапонија, Швајцарија, Данска и Србија се петте најбезбедни држави на Интернет, според истражувањето на руската компанија „Касперски“, производител на антивирусни софтвери.
-„Добиените резултати покажуваат дека компјутерите во развиените земји се под поголем ризик од напади на вируси, а напливот на ИТ технологии во развиените земји покажува тенденција на забрзан раст, што не е секогаш следено со адекватен развој на свеста за комјутерска безбедност, наведува авторот на истражувањето Јуриј Наместников.
Најмногу веб локации од каде стигнуваат вирусите, дури 89 отсто, се откриени во само десет земји. Најмногу од нападите и натаму доаѓаат од САД.
На врвот на листата земји во кои корисниците на компјутери најмногу се соочуваат со напади од Интернет се наоѓаат Русија и Оман.
XS
SM
MD
LG