Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во судирите во Јемен


Најмалку 38 луѓе загинале вчера во Јемен во судирите меѓу припадници на влијателни племиња и силите кои го поддржуваат претседателот Али Абдула Салех. Според безбедносни извори, меѓу загинатите има 14 војници, а уште 20 се водат како исчезнати. Судирите почнаа еден ден по пропаднатиот обид да се дојде до решение на политичката криза во Јемен. Претседателот Салех, кој на власт е од 1978 година, во неделата одби да потпише спогодба со опозицијата за транзиција на власта, со која е предвидено негово напуштање на функцијата.
XS
SM
MD
LG