Достапни линкови

Нетанјаху: Израел подготвен на болни отстапки заради мир


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера во американскиот Конгрес изјави дека неговата земја е подготвена на „болни отстапки“ заради мир со Палестинците, но повтори дека нема да прифати никаква спогодба со која ќе биде загрозена безбедноста на Израел. Во говорот пред двата дома на Конгресот, Нетанјаху истакна дека Израел сака мир и оти мирот му е потребен и дека ќе знае да биде дарежлив кога станува збор за границите на идната палестинска држава, но повтори дека одбива враќање на границите кои постоеле пред војната во 1967 година.
XS
SM
MD
LG