Достапни линкови

logo-print

Затворен воздушниот простор над северот на Германија


Воздушниот простор над северот на Германија од изутринава е затворен поради вулканската пепел која во атмосферата доаѓа од вулканот Гримсвотен во Исланд. Според информациите, забранети се полетувања и слетувања од аеродромите во Бремен и Хамбург, а можна е забрана и над Берлин и Хановер. Вчера беа откажани неколку стотици летови во Велика Британија, затоа што експертите сметаат дека вулканската пепел може да ги оштети моторите и стаклата на авионите.
XS
SM
MD
LG