Достапни линкови

logo-print

Ново обвинение против Шешељ за непочитување на судот


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ третпат е обвинет за непочитување на судот, овој пат затоа што одбил од својата веб страница да ги отстрани информациите за идентитетот на заштитените сведоци, соопшти Хашкиот трибунал. Шешељ досега на својот веб сајт објави три книги и пет документи, кои содржат доверливи информации за повеќе заштитени сведоци од главната постапка по обвинението за воени злосторства во Хрватска, Војводина и БиХ, се вели во соопштението.
Двете претходни тужби против Шешељ се однесуваат на две од трите книги наведени во последното обвинение.
XS
SM
MD
LG