Достапни линкови

logo-print

Предизборен амбиент во Куманово


Куманово

Куманово

Кумановци велат дека не се многу заинтересирани за изборите. Соочени со тешкото секојдневие велат дека не и веруваат на ниту една политичка партија.

Иако од најголемите до најмалите политички партии секојдневно ги промовираат старо-новите кандидати за пратеници во Собранието, обичните или неопределените кумановци се чини не се многу заинтересирани за изборната кампања. Во обичните разговори кусо се коментира дека сите се исти и дека за невработените, за печалбарите, за стечајците, за малку платените граѓани никој од политичарите нема да донесе подобра иднина. Најзаинтересирани за изборните резултати се
Не верувам, ништо, на ниту една партија.
чини единствено се партиските активисти. На градскиот плоштад во најфреквентниот дел од денот невработените по разни основи си расправаат за тешкотиите во беспарицата, а за изборите и очекувањата велат:

РСЕ: Верувате ли на ветувањата на политичарите?

„Не верувам, ништо, на ниту една партија.“

„Не, на ниту една партија, од 1990 до ден-денеска никој ништо не помогнал. Прво им треба основната култура што ја немаат. И народот, а и политичарите. Тие пак се за свој интерес, не им е жал за народот. А народот е како под дејство на опојни дроги и гласа за нив.“
Не, на ниту една партија, од 1990 до ден-денеска никој ништо не помогнал. Прво им треба основната култура што ја немаат. И народот, а и политичарите. Тие пак се за свој интерес, не им е жал за народот. А народот е како под дејство на опојни дроги и гласа за нив.

„Не, никако. Сите водат трчи-лажи политика. Како на нив им одговара,да си наполнат џеб. Не верувам никому.“

РСЕ: Верувате ли дека барем нешто ќе реализираат?

„Не, и тоа не. Тежок песимист сум. Од никого. Нема, тоа ни е.“

„Што кажа човекот, тоа е, немам друг коментар.“

„Никому не верувам.“

РСЕ: Зошто?

„Затоа што не доведоа до питачки стап. Не им верувам затоа што украдоа се. Мене споменици не ми требаат, на плоштадот во Скопје.“

РСЕ: Другите партии не прават споменици? Што му треба на народот во Куманово?
На народот му требаат пари за да може да живее, земјоделците да живеат. Грозјето го фрлија, тутунот
го фрлија.

„На народот му требаат пари за да може да живее, земјоделците да живеат. Грозјето го фрлија, тутунот го фрлија.“

РСЕ: Опозицијата ветува дека сите тие проблеми ќе ги надмине. Верувате ли?

„Не верувам затоа што ветуваат, а зошто до сега тоа не го направиле. Ни еден, ни Бранко, ни Груевски и брат Љубе и тој е ист. Зошто тој бил во Хрватска. И Албанците се во исто и тие се луѓе кои исто живеат.“

РСЕ: Што ви треба?

„Работа. Не работам. Не сум член на ниту една партија и немам намера. Би работел било што.“
Работа. Не работам. Не сум член на ниту една партија и немам намера. Би работел било што.

Има и такви кои велат:

„Некои работи што ги ветија ги исполнија. Јас сум земјоделец од Зубовце и добивме субвенции. Ќе видиме понатаму.“

Изборниот карван и во Куманово врви. Неопределените и многу пати до сега разочараните кумановци во времето на кампањата имаат свој став. На денот на изборите можно е да го сменат,особено ако некој лично им вети дека ќе им го реши најголемиот проблем. И тоа е веќе видено во сивилото кое не можат да го разубават насмеаните ликови на политичарите од големите билборди или, пак, од излозите на изборните штабови.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG