Достапни линкови

Над 50 насто граѓани очекуваат фер избори во Македонија


Поголем дел од граѓаните, 50,8 насто очекуваат фер и демократски избори, околу 25 проценти очекуваат делумно фер и демократски избори, а еден од десет граѓани, односно 12,8 отсто стравуваат дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите, покажува анкетата спроведена во рамките на проектот „Мојот избор 2011“ од страна на Институтот за демократија.
Според анкетата лиферувана од МЦМС, околу 14 отсто од етничките Албанци стравуваат од масовни нерегуларности и насилство на изборите, а етничките Македонци над 11 проценти.
XS
SM
MD
LG