Достапни линкови

Тадиќ го бојкотира самитот во Варшава поради Косово


Српскиот Претседател Борис Тадиќ ќе го бојкотира престојниот самит во Варшава меѓу лидерите на Централна Европа и американскиот Претседател Барак Обама поради поканата до Претседателката на Косово Атифете Јахјага.
Од кабинетот на Тадиќ се соопштено дека тој нема да присуствува бидејќи на самитот е поканета Јахјага – претседател на Косово поранешна српска покраина чија независност Белград не ја признава.
Лидерите на Централна Европа ќе започнат дво дневен самит во петок во Варшава а Претседателот Обама, кој е на европска турнеа, ќе им се приклучи во петок на официјална вечера.
XS
SM
MD
LG