Достапни линкови

Грчката влада го продава својот капитал во фирмите


Премиерот Јоргос Папандреу

Премиерот Јоргос Папандреу

Грчката Влада соопшти дека „итно ќе продолжи“ со продажбата на државниот удел во неколку големи претпријатија, со цел да го намали својот огромен долг.
Кабинетот одлучи брзо да продолжи со продажбата на уделите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ, „Постбанка“, пристаништата во Солун и Атина и „Солунскиот водовод“ со цел да ја забрза својата амбициозна програма за приватизација, најави грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину.
- Исто така е одлучено поради забрзување на тој процес да биде формиран еден суверен фонд. во кој ќе влезе приходот од приватизацијата, нагласи Папаконстантину.
Владата исто така планира до крајот на годинава да продаде дел или дури и сите акции во гасниот оператор ДЕПА, железничкиот оператор „Трејнос“, организацијата за коњнски трки ОДИЕ и државната воена групација ЕАС.
XS
SM
MD
LG