Достапни линкови

Владата, бавното судство, рестриктивната монетарна политика - меѓу главните причини за неликвидноста на македонското стопанство.

Владата е главен виновник за неликвидноста во стопанството, објаснува поранешниот министер за финансии Никола Поповски, сега професор на Европскиот универзитет. Ваквата своја теза, Поповски ја аргументира со тоа што владата, како што вели, поединечно е најголемиот стопанственик во Македонија.
Владата контролира околу 45 до 50% од БДП-то, автоматски и толку проценти од вредноста на плаќањата во Македонија, што значи дека ако таа дистрибуира ликвидност во економијата доволно, нема да има проблем, но ако владата малку неликвидност дистрибуира кон економијата тоа има мултипликативен ефект кај прeтпријатијата.

„Владата контролира околу 45 до 50% од нашиот Бруто домашен производ, автоматски и толку проценти од вредноста на плаќањата во Македонија, што значи дека ако таа дистрибуира ликвидност во економијата доволно, нема да има проблем, но ако владата малку неликвидност дистрибуира кон економијата тоа има мултипликативен ефект кај прeтпријатијата. Тоа е домино систем, ако на едно не платите, тоа не може на друго да плати, па на третото и тогаш се мултиплицира неликвидноста. Второ е што владата има дефицит во буџетот прилично висок, околу 200 милиони евра, што го надминува со странски и домашни кредити и ако таа над тоа дополнително обврски не плаќа тоа значи дека дефинитивно неликвидноста произлегува од таму.“

Поповски вели дека на неликвидноста влијае и бавното судството што не овозможува фирмите да може преку судски пат за кратко време да си ги наплатат долговите.

Бизнисменот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека има неколку фактори кои влијаеа на неликвидноста на фирмите во изминативе неколку години – во одреден период имаше рестриктивна монетарна политика па тешко се добиваше кредит, а во одреден период и владата доцнеше со плаќање на долговите кон приватните фирми.

Неофицијално, над милијарда евра си должат меѓу себе македонските фирми

За да има повеќе пари во стопанството, Чекреџи предлага, државата да не се
бори со инфлацијата со зголемување на каматите, туку да ги намалува даноците и акцизите на храната и енергенсите. Исто така, Сојузот на стопански комори бара владата да не се задолжува од домашни извори, туку од странство за во Македонија да останат повеќе пари за фирмите.

Како голем проблем тој ја наведува недисциплината во плаќање на долговите меѓу фирмите и бавното судство.
Ние како Стопански комори имаме еден предлог до владата да се воведе едно средство кое го нарекуваме - задолжница, со кое судот би се елиминирал и фирмите меѓусебно би се договарале ако не плати едната, директно на извршување да се оди.

„Ние како Стопански комори имаме еден предлог до владата да се воведе едно средство кое го нарекуваме - задолжница, со кое судот би се елиминирал и фирмите меѓусебно би се договарале ако не плати едната, директно на извршување да се оди.“

Поповски, пак, е против предлогот за воведување задолжница.

„Мултиплицирање на државни хартии од вредност или законски хартии од вредност кои ништо нема да обезбедат, а кои во Македонија постојано се под притисок, едно време беше налози за извршување, па меници, па чекови, па задолжници, тоа нема да го реши проблемот затоа што пазарот треба да го реши тоа, а не системи на задолжување кои надминуваат нешто што е познато во светот.“

Невозможно е да се утврди колку си должат македонските фирми меѓу себе, но Чекреџи тврди дека се работи за милијарди евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG