Достапни линкови

Во Јемен борби откако Салех одби да се повлече


Јеменските сили за безбедност и припадници на опозиционите племиња почнале борби во главниот град Сана, откако пропаднаа напорите за мирно заминување од власт на претседателот Али Абдула Салех. Во борбите загинале најмалку седум луѓе, додека 40 други биле повредени. Протестите против 32 годишното владеење на Салех започнаа во февруари, а тој во неделата го отфрли предложениот договор да ја напушти функцијата во рок од триесет дена.
XS
SM
MD
LG