Достапни линкови

Нов градоначалник на Тирана е Љуљзим Баша


Љуљзим Баша, Еди Рама

Љуљзим Баша, Еди Рама

Централната изборна комисија во Тирана синоќа го усвои извештајот за локалните избори и соопшти дека нов градоначалник на Тирана е демократот Љуљзим Баша. Против се изјасниле тројцата членови во Комисијата од опозицијата, кои сметаат дека пребројувањето на гласовите кои погрешно биле пуштени од избирачите во други гласачки кутии е неуставно и спротивно на избрниот законик. Според комисијата, по пребројувањето на овие гласови Љуљзим Баша добил 81 глас повеќе од социјалистот Еди Рама. Тој претходно без нив имаше десет гласови повеќе од Баша и во минатата недела прогласи победа.
XS
SM
MD
LG