Достапни линкови

НАТО демантира дека бомбардирал касарна во Либија


Триполи

НАТО денеска соопшти дека во текот на изминатата ноќ во либискиот главен град Триполи бомбардирал магацин со воени возила што се наоѓал во близина на резиденцијата на Моамер Гадафи. Претходно либиските власти соопштија дека цел на воздушните напади била една касарна при што загинале три лица. ,,Силите на Гадафи и натаму се закана за цивилите и затоа ќе ги продолжиме нападите,, се наведува во соопштението на Алијансата. Според проценките на странските новинари во Триполи, синоќешните напади биле најжестоки од почетокот на кампањата.
XS
SM
MD
LG