Достапни линкови

logo-print

Жестоки борби во Јемен


Јемен

Јемен

Жестоки борби се водат во престолнината на Јемен, помеѓу безбедносните сили и членовите на моќното племе Хашид. И самиот претседател на Јемен Али Абдула Салех потекнува од тоа племе, но припадниците на Хашид решија да се стават на страната на опозицијата. Во меѓусебните пресметки загинале најмалку тројца луѓе, а 25 се ранети. Насилствата доаѓаат на само еден ден откако Салех одби да го потпиште договорот кој требаше да стави крај на политичката криза во земјата. Министрите за надворешни работи на ЕУ, на состанок во Брисел, го осудија чекорот на претседателот на Јемен и изјавија дека ЕУ ја разгледа својата политика кон Јемен.
XS
SM
MD
LG