Достапни линкови

Израел не прифаќа враќање на границите од 1967 година


Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на последната средба во Вашингтон

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на последната средба во Вашингтон

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека неговата влада нема да се согласи Израел да се врати на границите од пред војната на Блискиот Исток во 1967-мата година. Тој во синоќешниот говор во Вашингтон пред американско – изралескиот комитет го повтори својот став дека таквите територијални линии се „неодбранливи “ за денешната позиција на Израел. Минатата недела американскиот претседател Барак Обама изјави дека идните преговори за границата меѓу Израелците и Палестинците треба да се движат до линиите пред војната, но и тоа може да се адаптира доколку и двете страни се согласат на размена на територии.
XS
SM
MD
LG