Достапни линкови

Грција „итно “ ќе продава државни фирми


Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину

Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину

Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину изјави дека Владата одлучила да пристапи кон „итна“ продажба на државни делови во неколку големи фирми во рамките на напорите на Грција да се справи со финансиската криза. Тој додаде дека министрите решиле да ја приватизираат ОТЕ, Поштенска банка, пристаништата во Солун и Атина и водоснабдување на Солун. Грција е под притисок од ММФ и ЕУ за повеќе буџетски ограничувања и побрзи приватизации откако податоците за периодот јануари-април покажаа дека државата може да не ги исполни барањата постaвени во програмата за заем.
XS
SM
MD
LG