Достапни линкови

Построги европски казни за Сирија и Иран


од состанокот во Брисел

од состанокот во Брисел

Европската унија воведе построги санкции против Сирија, најстрого осудувајки ја репресијата против демонстрантите во земјата. Министрите за надворешни работи на Унијата денеска во Брисел го одобрија додавањето на уште неколку имиња на листата за забрана за патување во европските земји. Меѓу новите сиријски државници на списокот е и претседателот Башар ал Асад. Со новите казни се предвидува и замрзнување на капиталот на сиријски државни службеници. Министрите исто така се согласија за нови санкции против Иран поради недостигот на напредок во преговорите за нуклеарната програма на официјален Техеран.
XS
SM
MD
LG