Достапни линкови

logo-print

Бериша смета дека демократите победиле на локалните избори во Албанија


Сали Бериша

Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека кандидатот на коалицијата „Алијаса за граѓанинот“ Љуљзим Баша има повеќе гласови од против кандидатот Еди Рама, но ќе почека Ценралната изборна комисија да ги соопшти официјалните резултати. „Ние ќе ги чекаме официјалните резултати, но убедени сме дека нашиот кандидат е со 78 гласови пред Рама, кој има гласачка фобија. Не е никаков криминал доколку гласачкото ливче се стави во погрешна кутија. Секој глас треба да се пребори. Ние сме за слободен глас и сме за Уставот, каде стои дека гласот е самостоен, слободен и рамноправен“ изјави Бериша. На првата средбата со парламентарната група на неговата демократска партија, по изборите, Бериша рече дека „со последното гласање на Тирана по единаесет години и се враќа сината боја“ (боја на партиското знаме на демократите), забележувајќи едно големо историско постигнување.
XS
SM
MD
LG