Достапни линкови

Живот во козјачко-пчињскиот регион


Забрзано се поправа инфраструктурата во регионот
Забрзано се поправа инфраструктурата во регионот

Еколошки чиста и здрава средина и прекрасно место за живеење во козјачко-пчињскиот регион, но потребни се повеќе инвестиции, се жалат жителите.

Недостасуваат вработувања за младите и малку повеќе пари, но и луѓето да бидат малку поработливи, велат жителите.

„Да се живее во Старо Нагоричане е добро. Нема вработувања особено за младите. Се живее од земјоделие, а тоа е тешко. Обесштетување од поплави има, рекоа дека на етапи ќе плаќаат. Луѓето не се многу задоволни.“

Што може да направи локалната смаоуправа?
Да се живее во Старо Нагоричане е добро. Нема вработувања особено за младите. Се живее од земјоделие, а тоа е тешко. Обесштетување од поплави има, рекоа дека на етапи ќе плаќаат. Луѓето не се
многу задоволни.

„Да има вработувања, да не бегаат младите по странство, да има основна живеачка, да има некакви примања. Да се отвори некоја фабрика.“

Колку вработени има во ладилникот?

„Уште не почнал со полн капацитет. Има 10 до 20 вработени. Планирано е во две или три смени,кога ќе биде сезона, но нема пари, не плаќаат.“

Како се живее?

„Супер.“

Имате водовод, канализација?

„Имаме се.“

Добро ли работи Општината?

„Добро. Средно.“


„Вода имаме, струја имаме, нема вработувања. Нема пари, од земја тешко се живее, не се исплати да се обработува.“

„Добро, не е ни лошо, ни најдобро. Не ми се допаѓа што младите немаат работа. Животот е добар, со земјоделие, сточарство.“

Седумдесетгодишната пензионерка Ратка Марковиќ веќе неколку години од градот се преселила во селото. Таа вели:
Добро, не е ни лошо, ни најдобро. Не ми се допаѓа што младите немаат работа. Животот е добар, со земјоделие, сточарство.

„Добро се живее. Луѓето многу не се работливи, земјиштето не е обработено. По некоја крава чуваат. А јас како пензионерка од град во село дојдов за чист воздух. Сама живеам, а ќерка ми со семејството од Скопје доаѓа секој викенд. Животот тука е добар. Добитокот не може слободно да шета по улица, чисто е, еколошки, чист крај.“

Градоначалникот Миодраг Јовановиќ вели дека моментно се работи на подобрување на патната инфраструктура.

„Од Агенцијата за патишта освен асфалтирање на патот кон граничниот премин Пелинце и Мегалитската опсерваторија Кокино каде што се повеќе се зголемува бројот на домашни и странски туристи, кои најголеми забелешки имаат на патната инфраструктура. За локалната патна инфраструктура, до крајот на месецот ќе започне со пробивање,тампонирање и афалтирање повеќе патишта со што ќе ги поврземе 39-те населени места.“

Водовод, канализација?

„Тоа исто така е приоритет. Од Владата имаме добиено средства од
Добро се живее. Луѓето многу не се работливи, земјиштето не е обработено. По некоја крава чуваат.
околу 13 илјади евра, за реализација на капитални објекти, за Младо Нагоричане каде има најголем број жители, а каде што не е квалитенто решен овој проблем. И во другите населени места, како што се маалото Тататирновац, селата Сув Орах, Руѓинце, Враготурце, Бајловце-Макреш. И во исто време ќе се врши реконструкција на постоечките.“

Јовановиќ вели дека е планирана студија за пречистување на отпадните води, со што реката Пчиња треба да биде заштитена. По минатогодишните поплави обезбедени се средства за чистење на речното корито на оваа река. За незадоволството на жителите од обесштетување од поплавите Јовановиќ вели дека Владата одредила 15 проценти.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG