Достапни линкови

logo-print

Судскиот процес за „Пајажина“ ќе продолжи на 13 јуни


Судскиот процес за случајот „Пајажина“ што почна денеска во Осносвниот суд Скопје 1, ќе продолжи на 13. јуни, откако одбраната побара увид во целокупниот доказен материјал. Според Никола Поленак, еден од адвокатите на одбраната, не им биле доставени 160 докази од списите во предметот, а без увид во целокупната документација тие не можеле да ја подготват одбраната. Тој рече дека увидот во документацијата е неопходен пред да се закаже главниот претрес. Главниот судија Павлина Христова посочи дека дел од доказите не биле доставени до сите обвинети поради временски и просторни услови и најави дека сите докази ќе им бидат дадени на увид. Адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ рече дека вината за тоа не ја лоцира кај судот, имајќи ја предвид обемноста на доказната документација. Одбраната на денешното рочиште побара замена на притворот за Велија Рамковски и неговата ќерка Емел со домашен притвор.
XS
SM
MD
LG