Достапни линкови

Србија ќе ги заостри граничните контроли


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска најави заострена контрола кон граѓаните на Србија кои заминуваат за земјите од Европската унија, изјавувајќи дека ќе се проверува дали тие имаат доволно пари, повратен билет и осигурување. По средбата со делегација на Белгија, предводена од државниот секретар за миграциска политика и азил Мелкијор Ватле, министерот Дачиќ изјави дека цел на оваа нова мерка не е малтретирање на граѓаните, туку потреба од спречување на заминувањето на лажни азиланти во ЕУ, за да не се доведе во прашање визната либерализација на земјата. Како една од можните мерки, министерот го спомена одземањето на пасош или забраната за излез од Србија за оние што ќе го злоупотребат правото на азил.
XS
SM
MD
LG