Достапни линкови

logo-print

Обама се сретна со претседателот и премиерот на Ирска


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со претседателот на Ирска Мери МекАлес и премиерот Една Кени. Обама ќе ја заврши посетата во Даблин со говор за силните врски меѓу Ирска и Соединетите американски држави. Следна дестинација на американскиот претседател ќе биде Монејгел, родното место на пра-дедото на Обама. Првиот човек на САД од денеска е на европска турнеја за време на која ќе ги посети Велика Британија, Франција и Полска.
XS
SM
MD
LG