Достапни линкови

Димитар Богов стапи на функцијата гувернер на НБРМ


Димитар Богов

Димитар Богов

Новоименуваниот гувернер на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов денеска со свечена изјава пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски официјално стапи на функцијата, која ќе ја врши во наредните седум години. Богов, кој на гувернерската позиција во НБРМ доаѓа на местото на досегашниот гувернер Петар Гошев, најави дека ќе се залага за одржување на ценовна стабилност, ниска инфлација и стабилен курс на денарот. „Свечено се обврзав дека ќе работам согласно Уставот на Република Макеоднија и Законот за народна банка, а тоа значи оти ќе работам на остварување на ценовната и финансиската стабилност, а откако тие две цели ќе бидат остварени тогаш и на поддршката на економските политики“ изјави Богов.
XS
SM
MD
LG