Достапни линкови

Антикорупциска побара финансиски извештаи од партиите


Државната комисија за спречување на корупцијата ги повика организаторите на предизборните кампањи на политичките партии, најдоцна до 26 мај да достават извештај за состојбата на сметките од кои се финансираат, со преглед на сите приливи, расходи и моментна состојба. „Со цел да можeме уредно да го водиме тој процес воспоставивме директна комуникација со Советот за радиодифузија од каде ни ветија дека и тие на 11 ден ќе ни достават пресек на резултатите од следењето на кампањите во медиумите. Така што ќе имаме можност извештаите што ќе ги добиеме да ги споредиме со потрошените средства во камапањата“ рече на прес-конференција претседателот на ДКСК Воислав Зафировски. Тој најави дека доколку партиите не одговорат до предвидениот рок ќе одговараат пред судските органи.
XS
SM
MD
LG