Достапни линкови

Почнува судскиот процес за „Пајажина“


Велија Рамковски

Велија Рамковски

Стартува судскиот процес против Велија Рамковски и дваесет и две лица осомничени во случајот „Пајажина“.

Во судскиот процес за случајот „Пајажина“, покрај првообвинетиот Велија Рамковски, обвинети се 22 негови роднини и блиски соработници од фирмите на „Перо Наков“. Тие во обвинителниот акт се товарат за даночно затајување, перење пари, злоупотреби на службената положба и овластувања и оштетување и повластување доверители, а неколкумнина од нив за спречување на докажување.
Сметам дека овој случај ќе има соодветно влијание и врз самите постапки, однесувања, кои ќе се преземаат во оваа фаза на предизборие, а сигурно дека ќе има влијание и врз изборниот процес во целина.

Случајот, уште во самиот почеток кога дојде до притворање на лицата обвинети за кривични дела, па се до денес е политизиран и доби политички квалификации. Едно од отворените прашања пред предвремените избори беше деблокирањето на сметките на медумите од „Перо Наков“, како што бараше опозицијата која излезе и надвор од парламентот. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ остана непроменет, дека партиите и владата немаат надлежност да се мешаат и дека случајот е целосно во рацете на судската власт.

Но, правните експерти велат дека во овој случај уште во самиот почеток е инволвирана политиката и дека при вакви состојби моментот што сега започнува судењето ќе има влијание врз самиот предизборен процес и кампањата:
Не сум убеден дека се работи само за правен проблем кој треба да се реши со правни средства, туку имаме инволвираност на политиката.

„Дали требаше сега да почне или требаше да продолжи? Заслужува да се анализира, но сметам дека овој случај ќе има соодветно влијание и врз
самите постапки, однесувања, кои ќе се преземаат во оваа фаза на предизбори, а сигурно дека ќе има влијание и врз изборниот процес во целина“, изјави професор Осман Кадриу.


Драган Малиновски, поранешен претседател на Антикорупциската комисија, вели дека е невозможно случајот да не остане тема во предизборниот процес:

Од случувањата во А1 ТВ

„Значи не сум убеден дека се работи само за правен проблем кој треба да се реши со правни средства, туку имаме инволвираност на политиката.“

Според него, проблематични се блокадите на сметките, а и уште
попроблематично е држењето во притвор на притворените. Малиновски смета дека судската постапка требаше да почне порано зашто држење во притвор толку време е проблематично:
Јас приоѓам од аспект на позиција на обвинетите, дефинитивно мораше и претходно да има разрешница со почеток на оваа постапка.

„Можеби некој ќе го гледа од аспект на политика, амбиент, партии, рејтинзи итн... Јас приоѓам од аспект на позиција на обвинетите, дефинитивно мораше и претходно да има разрешница со почеток на оваа постапка.“

Во обвинителниот акт, Рамковски и останатите обвинети се товарат за злосторничко здружување. Петмина од обвинетите се во домашен притвор, а полицијата се уште трага по синот на Рамковски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG