Достапни линкови

Нема веќе учтиво со Грција


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Брисел

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Брисел

Министрите за финансии од земјите на еврозоната продолжуваат да дејствуваат како времето да е на нивна страна, се наведува во анализата објавена во весникот Економист за проблемите во еврозоната, при што се наведува: Сепак, паднаа две табуа, секогаш да се биде љубезен со Грција и неможноста за реструктуирање на државните долгови.

Пазарите ја губат довербата во способноста на Европската унија да ја задржи единствена валута непроменета, наведува Економист додавајќи:

„На последната средба во Брисел, министрите за финансии едвај се претвараа дека се согласуваат за начините за решавање на бескрајните проблеми во еврозоната. Сепак, тие успеаа да скршат две табуа. Првото е дека секогаш мора да бидете љубезни со Грција. Министрите му кажаа на својот грчки колега Јоргос Папаконстантину дека неговите програми за реформи биле лоши. Тие се пожалија и дека грчкото ветување оти ќе продаде државен имот во вредност од 50 милијарди евра не се зголеми за ниту една евро.“

Претседателот на еврогрупата и премиер на Луксембург Жан Клод Јункер

На Грција и беше кажано, отворено и јавно, веднаш да започне радикална програма на приватизација. Се чини дека министрите го земаа на срце минатогодишниот наслов во германскиот најголем таблоид Билд: „Продадете ги вашите острови, вие банкротирани Грци, и Акропол исто така“.

Второто скршено табу е идејата дека не може да има реструкција на државниот долг. Министрите сега отворено говорат за тоа, иако во помека форма. Европската комисија и, особено, Европската централна банка се противеа на ваквиот потег со страхување дека ќе завладее финансиски хаос.
Политичарите почнуваат да го сфаќаат тоа што пазарите го намирисаа многу поодамна. Со нејзиниот сегашен курс Грција не ќе биде способна да ги врати долговите.

Сепак, по министерската средба, претседателот на еврогрупата Жан Клод Јункер, потврди дека се разгледувало таканаречено меко реструктуирање на грчкиот долг. Во тоа тој беше поддржан од Европската комисија, но не и од водечките членки на еврозоната.

Политичарите почнуваат да го сфаќаат тоа што пазарите го намирисаа многу поодамна. Со нејзиниот сегашен курс Грција не ќе биде способна да ги врати долговите. Сепак, Европската комисија и Европската централна банка и натаму сметаат дека голема програма за приватизација, построги реформи и уште една доза на европска помош би можело да помогнат во решавањето на грчките тешкотии.

Европската централна банка

Проблемот е што економските аргументи ја игнорираат политичката реалност. Таков план ќе ја принуди Грција и натаму да трпи незамисливи болки. Имено, кризата ја истакна испреплетеноста на јавните и приватните долгови во Европа. Спасувањето држави сега носи ризик од загуби на банките. Пазарите се најмногу загрижени од реструктуирање државниот долг.

Официјални претставници на Бундесбанк сметаат дека германскиот банкарски систем може да преживе голема реструкција на Грција, Ирска и Португалија заедно. Храбро зборување, но се чини дека германските министри не се подготвени тоа и да го тестираат.

Се поголем број економисти сметаат дека реструктуирањето за Европа ќе биде поевтино отколку давањето дополнителни кредити кои никогаш нема да можат да и се вратат. Но, политичарите, особено оние што се соочуваат со избори во наредните години, се надеваат дека ќе можат да одберат: одлагање, заклучува весникот Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG