Достапни линкови

Дел од грузијската опозиција и денеска протестира во Тбилиси


Неколку стотици опозициони активисти притестираат трет ден по ред во гланиот град на Грузија, Тбилиси, барајки оставка од претседателот Михаел Саакашвили. Опозицијата го обвинува Саакашвили за авторитарно владеење. Во саботата протестираа околу 10 илјади луѓе, а вчера полицијата со употреба на солзавец растера група демонстранти кои нападнаа полициско возило. Грузијската опозиција е поделена, а неколку опозициони партии не учествуваат во овие протести.
XS
SM
MD
LG