Достапни линкови

logo-print

Кризата во Јемен продолжува


Јеменскиот претседател Али Абдула Салех повторно одби да го потпише договорот за негово заминување од функцијата, со што кризата во таа земја продолжува. Според договорот, доколку Салех си поднесе оставка во рок од 30 дена, ќе добие гаранции дека нема да биде обвинет за насилствата во земјата. Државната телевизија јави дека Салех ќе го потпишел договорот само доколку присуствува опозицијата. Американскиот, европските и арапските амбасадори, кои се обидуваа да посредуваат во потпишувањето на договорот, вчера беа блокирани со часови во Сана од страна на вооружени приврзаници на Салех, по што беа евакуирани со хеликоптери.
XS
SM
MD
LG