Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел ќе расправаат за заострување на санкциите против Сирија поради насилствата против анти-владините демонстранти. Се очекува за прв пат на листата на личности на кои им е забранет влез во Европската Унија да се најде и претседателот на Сирија Башар Ал Асад. На дневниот ред на министерскиот состанок ќе се расправа и за можно проширување на санкциите против Иран, како и за ситуацијата во Либија.
XS
SM
MD
LG