Достапни линкови

Пакистан:Талибанците го одмаздуваат Осама бин Ладен


Најмалку пет луѓе загинале, а десетина се повредени синоќа во пакистанскиот град Карачи кога милитанти нападнале една воена база, соопштуваат тамошните власти. Според нив околу 20 милитанти ја нападнале базата, по што уследила пресметка со персоланлот во базата. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Како што јавуват Ројтерс и АФП , портпаролот на Талибанците изјавил дека нападот е за да ја одмаздат смртта на Осама бин Ладен. Бин Ладен беше убиен на 2 мај, а оттогаш Талибанците имаат извршено повеќе напади.
XS
SM
MD
LG