Достапни линкови

logo-print

Салех не стави потпис за крај на политичката криза


Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех одби да го потпише договор за ставање крај на политичката криза во земјата. Државната телевизија објави дека Салех ќе го потпише договорот само во присуство на лидерите на опозицијата.
Претходно јеменски воени хеликоптери ги пренесуваа амбасадорите на САД и на другите земји, до местото каде требаше да се потпише договорот, за да бидат сведоци на потпишувањето. По неуспешниот обид, амбасадорите повторно со хелихоптери биле евакуирани од претседателската палата. Ова е третпат како Салех одбива да стави потпис на договор со кој ќе се прекинат немирите во Јемен во кои повеќе од 170 демонстранти се убиени од страна на безбедносните сили на Салех.
XS
SM
MD
LG