Достапни линкови

Помал одзив на изборите во Кипар, гласањето се одвива непречено


Гласањето на избирачките места во Република Кипар на денешните парламентарни избори се одвива непречено и без сериозни проблеми, изјави началникот на кипарската полиција Михалис Папагеоргиу. Околу 1.220 полицајци се распоредени во близина на избирачките места, а полициски патроли ги следат сите сектори, дополни Папагеоргиу. Одзивот на гласачите досега е за 13 проценти помал во однос на претходните парламентарни избори, соопшти претседателот на изборната комисија Лазарос Савидис. Според експертите причина за слабиот одѕив е незадоволството на гласачите од политичките партии, иако гласањето е задолжително.
XS
SM
MD
LG