Достапни линкови

Можна е нова интервенција во Пакистан ако се трага по терорист?


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека би одобрил нова интервенција во Пакистан доколку Соединетите американски држави пронајдат уште еден лидер на милитантите во земјата. „Нашата работа е да ја одржиме безбедноста на Соединетите американски држави. Го почитуваме суверенитетот на Пакистан но не можеме да дозволиме некој што планира да ги убива нашите луѓе или луѓето на нашите сојузници да ги оствари своите планови, без ние да превземеме акција“ рече Обама во интервју за Би-Би-Си. Портпарол на пакистанскиот претседател, како реакција на изјавата на Обама, рече дека потребно е повлекување од унилатерални постапки и фокусирање на борбата против тероризмот. Инаку, специјалните сили на САД неодамна извршија воена операција во Пакистан во која беше убиен лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен.
XS
SM
MD
LG