Достапни линкови

Меркел е против реструктуирање на грчкиот долг


Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно се спротивстави на реструктуирањето на грчкиот долг, што се разгледува како решение за надминување на кризата во Грција. Грција доби кредити, кои земјата треба да ги исплати и по 2012 година и затоа е невозможно сега да се менуваат правилата, бидејќи тоа ќе има тешки последици и за другите земји од еврозоната, предупреди Меркел на регионалниот конгрес на Христијанско демократската унија. Таа сепак го поддржа спроведувањето на договорената буџетска програма со владата во Атина за излез на земјата од криза.
XS
SM
MD
LG