Достапни линкови

logo-print

Ѓукановиќ реизбран за претседател на Демократската партија на социјалистите


Поранешниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е реизбран за лидер на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, пренесоа агенциите. Ѓукановиќ беше единствениот кандидат за функцијата. Ова е петиот по ред мандат за Ѓукановиќ на чело на владечката партија. Тој изјави дека основна цел во работата во неговиот нов мандат ќе биде да работи на формирање на црногорскиот идентититет и на гарантирање на економската стабилност на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG