Достапни линкови

Кипарските Грци излегоа на избирачките места


Кипарските Грци утринава излегоа на гласачките места, на парламентарни избори во пресрет на клучните преговори меѓу Грците и Турците околу завршувањето на триесетиседумгодишната поделба на островот. Првите резултати од гласањето се очекуваат околу 20 часот по средноевропско време, пренесоа агенциите. Изборите ќе бидат тест за владеачката коалиција во Никозија на чело со комунистите на претседателот Димитирс Христофиас и неговата политика да преговара со кипарските Турци. Истовремено овој остров во Средоземното море го зафати светската финансиска криза и владата се соочува со голем дефицит што треба да се контролира и голем банкарски сектор кој е насочен кон презадолжената Грција.
XS
SM
MD
LG