Достапни линкови

Македонска делегација во Рим и Ватикан по повод Свети Кирил


Ѓорѓе Иванов

Ѓорѓе Иванов

Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Република Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Според програмата, попладнево во Рим делегацијата ќе ја посети античката капела при Пантеон во придружба на Даниеле Микелети, ректор на базиликата Пантеон, каде ќе присуствува и на свеченото отворање на манифестацијата со концерт на Благој Нацоски, Ана и Олег Кондратенко, Алесандро Д Агостини и Марија Вршкова. Во текот на утрешниот ден, во Ватикан претседателот Иванов се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесети, а ќе разговара и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Тарчисо Бертоне.
XS
SM
MD
LG