Достапни линкови

logo-print

Вулканска ерупција во Исланд, авиосообраќајот не е загрозен


Забележана е ерупција на најактивниот вулкан во Исланд, но научниците тврдат дека авиосообраќајот не е загрозен, како што беше случај по ерупцијата на друг исландски вулкан минатата година. Од Метеролошлата организација на Исланд потврдија дека настанала ерупција. Новинските агенции ја пренесуваат изјавата на вработен во агенцијата кој вели дека облак од бел чад бил испуштен на 15 километри во воздух. Лани авиосообраќајот низ цела Европа беше блокиран поради облак од пепел по ерупцијата на Ејафјалајокул.
XS
SM
MD
LG