Достапни линкови

Стопанствениците задоволни


Цената за откуп на државното земјиште е намалена од сегашните 25 евра на 5 до 7 евра метар квадратен

Цената за откуп на државното земјиште е намалена од сегашните 25 евра на 5 до 7 евра метар квадратен

Прилепските стопанственици задоволни од одлуката на Владата за намалување на цената за откуп на државно градежно земјиште.

Прилепските стопанственици се задоволни од одлуката на Владата за намалување на цената за откуп на државно градежно земјиште на кое функциоранираат фирмите, од поранешните 25 евра на 5 до 7 евра за квадратен метар. Ова како што потенцираат од Управниот Одбор на Регионалната стопанска комора е целосно усвојување на предлогот и иницијативата, која уште пред три години била доставена до Владата. Зашто со првично одредената цена би се предизвикале поголеми финансиски последици во работата на фирмите.
Многу побрзо може да се добијат и кредити врз база на хипотеки, точно и нов инвеститор ако доаѓа многу е битно кога ќе го има регулирано било која компанија сопственоста на земјиштето.

„Оваа цена сега важи и за централното градско подрачје. Досега се разликуваа, големата разликата беше за вон централно и централно градско подрачје, а сега се изедначени цените. Новина е, оваа цена сега важи не само за стопанските објекти, туку и за деловните објекти. Цената е 438 денари на десет еднакви рати“, вели Ристо Најдоски, извршниот директор на Регионалната стопанска комора.

Прилепските стопанственици очекуваат дека за кусо време ќе може да ја спроведат постапката за приватизација, во зависност од големината на земјиштето кое имаат намера да го откупат.

„Многу побрзо може да се добијат и кредити врз база на хипотеки, точно и нов инвеститор ако доаѓа многу е битно кога ќе го има регулирано било која компанија сопственоста на земјиштето. Не станува збор дали е странски или домашен инвеститор. Откупот ќе биде брзо завршен, сега е наша одговорноста“, вели Горан Попоски, директор на Мермерскиот Комбинат.

Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора

И од конфекцијата Конфи Ангел сметаат дека оваа одлука има низа предности за фирмите.

„Позитивно за фирмите поготово во делот на кредитбилитетот на истите, од причини што би посакувале да имаме земјиште кое што го поседуваме
официјално на документ. Би можеле да го издржиме финансиски, не би влијаело многу на нашето работење, во буџетот на компаниите, а сепак би донело многу предности за иднината на компаниите“, оценува Ирена Јакимоска, сопственичка на конфекцијата Конфи Ангел.

Според најавите помалите фирми кои имаат помала квадратура за кратко време ќе поднесат барање за приватизација на градежното земјиште. Но,
Новина е, оваа цена сега важи не само за стопанските објекти, туку и за деловните објекти. Цената е 438 денари на десет еднакви рати.
неопходно е при тоа, локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски добро да се организираат за да се спроведе постапката без кочници.

Како ќе тече постапката во Прилеп е неизвесно, ако се земе предвид фактот дека доправа треба да се донесат детални урбанистички планови за поголем дел од градот.

„Затоа има посебен закон за приоритети во Владата и оваа активност на урбанистичките одделенија во општините и Министерството за транспорт и врски треба по приоритет да ги издаваат сите тие дозволи и ги носат деталните планови, за да може приватизацијата да се одвива без проблеми“, потенцира Најдоски.

Според првичните проценки прилепскиот бизнис ресор ќе приватизаира над 200.000 м2 градежно земјиште.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG