Достапни линкови

Папандреу ја исклучи можноста за преструктуирање на грчкиот долг


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја исклучи можноста за преструктуирање на грчкиот долг, пренесе агенцијата АНА-МПА. „Преструктуирање на долгот не се разгледува“ изјави Папандреу во интервју за весникот „Етнос“, што утре ќе биде објавено. Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер во вторникот рече дека може да се побара Грција да го преструктуира својот долг, посочувајќи дека е неопходно да се размисли за едно „меко преструктуирање“, односно да се одложи исплаќањето на долгот и евентуално да има намалување на каматата. Папандреу одби да ја коментира можниста за „меко преструктуирање“.
XS
SM
MD
LG