Достапни линкови

Шестмина турски политичари поднесоа оставки заради секс скандал


Шестмина турски опозициски политичари поднесоа оставки поради секс скандал, чии последици нивната партија може да ги почувствува на изборите закажани за 12 јуни. Турските медиуми известуваат дека на компромитирачката снимка, ставена на Интернет, може да се видат пратенциите на Партијата за национална акција. На почетокот на месецот четворица членови на оваа националистичка партија поднесоа оставки заради слични снимки, од кои некои прикажуваат сцени на сексуални односи, снимени во куќа која, наводно, некои членови на оваа партија ја користеле за вонбрачни средби, пренесуваат агенциите. „Поднесувам оставка за да ја заштитам партијата од штетата што обвинувањето може да ја предизвика“ изјави пратеникот Дениз Болукбаши, и додаде дека е жртва на политички мотивирана завера. Снимката ја објави таинствената група што се нарекува „Поинакви националисти“.
XS
SM
MD
LG