Достапни линкови

logo-print

Лагард: Грциja е во опасност од банкрот


Кристин Лагард

Кристин Лагард

Грција е под закана од банкрот и треба повеќе да работи и да покаже резултати, изјави француската министерка за финансии Кристин Лагард во интервју за австрискиот весник „Стандард“. Според Лагард, проблемот на Грција е во недостигот од доверба на инвеститорите кон извршените структурни реформи во земјата. „Владата во Атина реализира многу нешта, прави кастрења и заштеди веќе една година и буџетскиот дефицит е намален за пет отсто. Има, меѓутоа, сектори каде нештата бавно се движат, тоа најмногу се однесува на приватизациите“ вели Лагард и додава: „Грците првично се согласија да ги продадат државните активи во висина од 17 милијарди евра, во март споменаа 50 милијарди евра, но слушам дека нема никаков напредок. Атина не реагира брзо“. Запрашана какви средства за притисок Европа користи врз Грција, министерката одговара: „Грција е под закана од банкрот, европските министри за финансии во понеделникот изразија загриженост од бавниот напредок на реформите.
XS
SM
MD
LG