Достапни линкови

Антивладини протести во Грузија


Неколку илјадници приврзаници на опозицијата се соибраа во центарот на Тбилиси денеска, на протести преку кои се бара оставка на претседателот Михаил Сакашвили, кого го обвинуваат за авторитарно владеење. Подржувачите на опозициската алијанса тврдат дека многумина активисти биле уапсени и стотици возила биле конфискувани пред почетокот на протестот. Од Министерството за внатрешни работи ги демантираа обвинувањата, нарекувајки ги „комплетни невистини“.
XS
SM
MD
LG