Достапни линкови

Брисел во вторник ќе се изјасни за безвизниот режим за Македонија


Од прославата на одлуката за укинување на Шенген визите

Од прославата на одлуката за укинување на Шенген визите

Европската комисија, според последните најави во Брисел, во вторник ќе предложи привремен механизам за заштита на шенген зоната, односно обновување на визниот режим за граѓаните од земјите на Западен Балкан. Од Македонската амбасада во Брисел информираат дека пред три дена од Белгија биле вратени 46 баратели на економски азил во Македонија, согласно законот за реадмисија со Европската унија. Барањата за промени во шенген системот следеше по напливот на 25.000 емигранти од Тунис, кои добивајќи во Италија дозвола за привремен престој, преминаа во Франција и низ цела Европа.
XS
SM
MD
LG