Достапни линкови

Русија бара безбедносни гаранции од САД


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Русија е подготвена да отстапи од приговорите за ракетниот штит на Соединетите американски држави во Европа, доколку добие безбедносна гаранција од Америка. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров побара писмена гаранција дека американскиот антиракетен штит нема да се користи „против земјите учеснички, членки на НАТО, Русија и други европски држави“. Москва стравува дека штитот еден ден би можел да се пренамени во офанзивно оружје против Русија. Од САД пак аргументираат дека антиракетниот штит се поставува за заштита на европските земји од напади од земји како Иран.
XS
SM
MD
LG