Достапни линкови

Погреби на загинатите демонстранти во Сирија


Демонстрантите во Сирија се подготвуваат за погреби на загинатите во протестите во петокот. Амар Кураби, шеф на националната организација за човекови права во Сирија, рече дека вчера загинале 44 лица, повеќемина од кои жители на провинцијата Идлиб и градот Хомс. Повеќе од 800 лица загинале од почетокот на протестите преку кои се бара оставка на претседателот Башар ал Асад, тврдат активисти за човекови права. Сиријските власти за насилството обвинија вооружени групи подржани од странски исламистички организации.
XS
SM
MD
LG