Достапни линкови

Црна Гора слави 5 години независност


Црна Гора денеска одбележува Ден на независноста, кога Црногорците пред пет години на референдум решија да се одвојат од Државната заедница Србија и Црна Гора.
Референдумското прашање гласеше „Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно-правен субјективитет ?“, а на него позитивно одговорија 55,52 отсто од граѓаните што беше повеќе од условот што тогаш го постави Европската унија.
На референдумот му претходеа преговори меѓу претставниците на блоковите за независност и заедничка држава, со посредство на ЕУ, односно на словачкиот дипломат Мирослав Лајчак.
XS
SM
MD
LG