Достапни линкови

Претседателот Иванов на Самит на Паневропската унија


Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на Паневропската унија во германскиот град Линдау во покраината Баварија. Учесниците на конференцијата ќе дискутираат на неколку панели.
Меѓу говорниците се претседателот на Интернационалната паневропска унија Алан Тераноар, претседателите на ПЕУ Германија и ПЕУ Швајцарија, Бернд Поселт и Андре Поулин, потпретседателот на Европскиот парламент Либор Роучек, еврокомесарот за енергетика Гинтер Ојтингер... Обраќање ќе има и принцот Ханс Адам Втори од Лихтенштајн, со кого шефот на државата Иванов вчера имаше средба.
Паневропската унија е најстара сеевропска организација. Формирана е во 1923 година како движење што работи на идејата за голема и обединета Европа, за единство, мир и напредок. Македонија членува во ПЕУ од 1993 година под уставното име.
XS
SM
MD
LG