Достапни линкови

Разлики меѓу САД и Израел за мировниот план


Обама и Нетанјаху во Белата Куќа

Обама и Нетанјаху во Белата Куќа

Американскиот Претседател Барак Обама по разговорите со израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата Куќа изјави дека гледа можности и опасности на Блискиот исток. Обама додаде дека постојат разлики меѓу САД и Израел околу мировниот процес.
Обама во вчерашниот говор посветен на Блискиот Исток изјави дека подржува Палестинска држава во границите пред израелската окупација на Западниот брег во 1967 година.
Нетанјаху пак одговори дека мали остапки се можни но дека не може да се повлече на линиите од 1967 кои ги нарече неодбранливи.
XS
SM
MD
LG